cFosSpeed is the official Internet Accelerator for ASUS, GIGABYTE, ASRock and MSI gaming products

Приоритизирај програми со cFosSpeed
програмска листа
Пријави нов програм

Како може да ги забрзам моите онлајн игри?

Traffic Shaping технологијата прави времето на ping да биде ниско и брзините на трансфер да бидат конзистентно високи во исто време.

Сепак, за да се постигнат оптимални ping времиња, треба да ги приоритизирате игрите најмногу што е можно. Ќе забележите дека веќе ги имаме излистано некои од најпопуларните игри под Program Settings. Доколку вашата игра ја нема, можете едноставно да ја додадете во листата.

Дијалог за програмска приоритизација

Исто така можете да ни кажете кои онлајн игри сакате да бидат вклучени во таа листа во идните верзии.

Молиме внимавајте да приоритизирате што е можно помалку програми, бидејќи ако ставите приоритет на сè, тогаш ништо нема да биде приоритизирано.

Алтернативно, доколку името на програмата не е јасно, можете да ги приоритизирате портите што ги користи онлајн играта. Доколку TCP/UDP дестинационите порти од апликацијата се познати, можете да го приоритизирате нивниот трансфер на податоци (со едитирање на [filter] секцијата на settings.ini фајлот):

За TCP порти:
[filters]
; dest port=1234
filter=-tcp-dport 1234 -c high
За UDP порти:
[filters]
; dest port=1234
filter=-udp-dport 1234 -c high

Откако ќе ги направите измените, новите прилагодувања треба да се лоадираат. За ова, отворете ја конзолата (под Start, Program, cFosSpeed) и внесете "spd reload". Вашите измени ќе бидат активни по следното рестартирање на системот.

cFosSpeed-Filter Упатство (Англиски)

прилагодувања на DSL конекција

Оптимизира прилагодувања на конекцијата:

Можете да назначите точно кој вид на трансфер го користите под Прилагодувања на конекцијата. Што повеќе информации му се достапни на cFos или cFosSpeed за конекцијата, толку подобри ќе бидат Ping времињата. Зададеното е "Adaptive". Но доколку, на пример, користите DSL конекција, тогаш треба да го одберете соодветниот DSL стандард или протокол како ваша конекција.

Преферирај Ping:

Прикажи преферирање ping

Исто така, можете да ги користите прилагодувањата во контекст менито или статус прозорецот за да активирате "Преферирај Ping." Зелена стрелка ќе се покаже на статусниот прозорец. Со ова прилагодување, cFos или cFosSpeed ќе направи сè за да ги држи Ping времињата на минимум, но на штета на брзината на трансферот, па притоа може да ја успори брзината на конекцијата.


Играјте и додека симнувате:

Доколку играте некоја игра онлајн без Traffic Shaping и пуштите нешто да се качува или симнува во исто време, ping времињата до серверот на играта ќе се зголемат. Помалку сообраќај значи подобар(или понизок) ping. Особено со програмите за споделување на фајлови и други апликации кои испраќаат многу податоци, Ping времињата често се зголемуваат до небо, што резултира со сериозен лаг или закаснување. Ова, исто така, знатно ќе ги успори вашите реакции во играта..

Traffic Shaping го решава проблемот и дозволува на програмите за споделување фајлови да работат во позадина додека играте. Ова сепак може да ги зголеми Ping времињата, но минимално. Затоа препорачуваме да ја вклучите опцијата "Преферирај Ping" во такви ситуации. Како зададено, програмите за споделување на фајлови се поставени на најнизок приоритет. Ова не значи дека вештачки се успорени или дека се исклучени. Ова само значи дека таквиот вид на податоци ќе биде привремено одложен за поважните податоци да стигнат на време, како на пример тие за онлајн игри. Единствено оваа шема на приоритизирање овозможува програмите за споделување на фајлови да работат со максимална брзина, а во исто време да можете да ја користите конекцијата и за други примени.