cFosSpeed е официјален Интернет-акцелератор за производите за игри ASUS, GIGABYTE, ASRock и MSI
Ново! Од креаторите на cFosSpeed: CFos EVSE

Приоритизирај програми со cFosSpeed
програмска листа
Пријави нов програм

Одличен Voice-over-IP (VoIP) гласовен квалитет

Не само што минималната латенција е апсолутно есенцијална за Voice-over-IP, него е и најважниот фактор за подобрување на квалитетот на звукот.

Traffic Shaping технологијата прави времето на ping да биде ниско и брзините на трансфер да бидат конзистентно високи во исто време.

RTP детекцијата интегрирана во cFos и cFosSpeed дозволува приоритизирање на VoIP и други live streams (како конференциски канали).

Деактивирање на стриктна RTP верификација

Неговата приоритизација може да биде прилагодена под Protocol или Program Settings. Доколку одреден live stream не биде препознаен, може да ја приоритизирате соодветната програма по име.

Молиме запазете дека некои програми (како VoIPBuster, IxChariot) користат само RTP но не и кореспондирачките RTCP конекции. За овие, треба да ја деактивирате стриктната RTP верификација во опциите.


Испуштања при симнување:

VoIP конекциите обично страдаат од пропуштање на пакети кога истовремено има симнувања со полна брзина. Благодарение на интегрираниот RX shaping, cFos и cFosSpeed помагаат да се избегне овој проблем и ги прават времињата на Ping да бидат конзистентно ниски.

Приоритизација на програмата на Skype



Skype:

Skype содржи затворен енкриптиран протокол кој не може да се детектира со Layer-7 анализа без значителен труд. Сепак, за да им овозможиме на нашите корисници да го приоритизираат и Skype, го внесовме во нашата програмска листа.

VoIP преку Рутерска Приоритизација:

Некои рутери (како Fritz! Box) се опремени со дигалки со телефони. Ако се користи џек, сите податоци за VoIP ќе бидат пренесени директно на Интернет, заобиколувајќи го cFosSpeed во целост. Ваквите рутери можат да ја ограничат достапната ширина на опсег кога ќе се оствари повик на VoIP, предизвикувајќи негативно влијание врз перформансите на обликување на сообраќајот. Затоа препорачуваме да направите VoIP повици од вашиот компјутер, а не од рутер, за да им овозможи на cFosSpeed да ги открие и да ги даде приоритет на истите.

Оптимизира прилагодувања на конекцијата:

прилагодувања на DSL конекција

Можете да назначите точно кој вид на трансфер го користите под Прилагодувања на конекцијата. Што повеќе информации му се достапни на cFos или cFosSpeed за конекцијата, толку подобри ќе бидат Ping времињата. Зададеното е "Adaptive". Но доколку, на пример, користите DSL конекција, тогаш треба да го одберете соодветниот DSL стандард или протокол како ваша конекција.

Преферирај Ping:

Прикажи преферирање ping

Исто така, можете да ги користите прилагодувањата во контекст менито или статус прозорецот за да активирате "Преферирај Ping." Зелена стрелка ќе се покаже на статусниот прозорец. Со ова прилагодување, cFos или cFosSpeed ќе направи сè за да ги држи Ping времињата на минимум, но на штета на брзината на трансферот, па притоа може да ја успори брзината на конекцијата.


VoIP софтвер во употреба со cFosSpeed

  • 1&1 SoftPhone
  • Counterpath Bria
  • Counterpath Eyebeam
  • Counterpath X-lite Pro
  • ekiga SIP voip software
  • FreeCall
  • Gizmo Project
  • GlobalIP Ninja Lite
  • Google Talk
  • iPhone
  • Ixia IxChariot
  • SIPPS or AOL Softphone
  • Skype Internet Telephony
  • SparVoip
  • Teamspeak
  • Ventrilo
  • VoipBuster
  • VoipCheap
  • Web.de Freephone
  • WOIZE
  • Xfire
  • X-Lite
  • X-PRO
  • Yahoo Messenger

Мерења со IxChariot

Го тестиравме нашиот софтвер користејќи го IxChariot (алатка за мерење на перформансите на мрежата од Ixia) за да ги евалвираме бенефициите од cFosSpeed Traffic Shaping. За оваа цел, ги следевме VoIP параметрите со IxChariot додека истовремено вршевме повеќе качувања.

Лесно може да забележите дека без cFosSpeed, нормалната VoIP комуникација е невозможна кога качувате, но затоа е речиси беспрекорна кога е вклучен cFosSpeed.

MOS вредност

Особено можете да ја забележите MOS вредноста (http://en.wikipedia.org/wiki/Mean_opinion_score) како се намалува кон 1 по стартување на качувањето. Ова значи дека конекцијата станала нестабилна за гласовен трансфер. Кога се користи cFosSpeed, вредноста не се намалува и преносот на глас го задржува високите квалитет.

Закаснување

Закаснувањето е важен дел на MOS вредноста. Со користење на cFosSpeed, ова закаснување се држи во граници, додека во во други случаи може да се каши и до 700 милисекунди кога не се користи cFosSpeed (црвена графа).

Список на софтвер за глас преку IP (VoIP) со приоритет со cFosSpeed.